0_Спорт.ПорталФудбал

Многу клубови го сакаат Кавани, потврди неговата мајка

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, се смета дека е фан на 33-годишниот поранешен напаѓач на Наполи, но мајката на Кавани, Берта Гомез, посочи дека предност на нејзиниот син е да се пресели во Шпанија, при што Атлетико е најверојатната дестинација .

Париз, 10 април 2020 (МИА) – Има многу клубови кои се заинтересирани за трансфер на Единсон Кавани, потврди мајката на ѕвездата на Пари Сен Жермен. Кавани беше близу до премин во Атлетико Мадрид во јануари, но договорот пропадна во последната минута и уругвајскиот репрезентативец остана во француската престолнина. Сепак, тој ќе замине во текот на летото и ќе биде желба за многу тимови, особено како слободен агент.

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, се смета дека е фан на 33-годишниот поранешен напаѓач на Наполи, но мајката на Кавани, Берта Гомез, посочи дека предност на нејзиниот син е да се пресели во Шпанија, при што Атлетико е најверојатната дестинација .

– За среќа, има многу клубови кои се заинтересирани за Кавани. Тој сè уште не знае каде ќе игра, има уште три месеци во Париз. Мораме внимателно да размислиме. Тој во моментов не планира да се врати во Уругвај, планира да продолжи во Европа и би сакал да замине во Шпанија, рече мајката на напаѓачот.

Таг
Back to top button
Close
Close