0_Web_АктуелноBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

ММФ: Стабилниот денар е клучно сидро на макроекономските политики

Режимот на де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото е нешто што е корисно за земјата веќе неколку децении, претставувајќи клучно сидро на макроекономските политики. Знаеме дека НБРСМ останува силно посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Режимот на де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото е нешто што е корисно за земјата веќе неколку децении, претставувајќи клучно сидро на макроекономските политики. Знаеме дека НБРСМ останува силно посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс.

Ова во интервју за МИА го истакнаа шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу и резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле.

Според нив, показателите што ги следи ММФ покажуваат дека земјата влезе во корона-кризата со силна позиција на девизните резерви и дека резервите ќе бидат одржувани на адекватно ниво што ја поддржува стабилноста на денарот.

-Народната банка имаше клучна улога во реагирањето на оваа криза. Таа успешно го искористи својот маневарски простор и ја поддржа економијата, истовремено зачувувајќи ја финансиската стабилност, констатираат Бјорнсон Баркбу и Ебле.

Притоа, тие ја споделуваат оцената на ММФ дека намалувањето на каматната стапка на благајничките записи и намалувањето на нивниот износ помогнаа да се ограничи зголемувањето на трошоците за финансирање и овозможија дополнителна ликвидност за економијата. Истовремено посочуваат и дека мерките на монетарната политика беа дополнети со мерки во финансискиот сектор, коишто ги поттикнаа банките да ги реструктурираат кредитите и со тоа да овозможат времено намалување на товарот на кредитокорисниците погодени од пандемијата.

Во интервјуто за МИА, Бјорнсон Баркбу и Ебле, накусо се осврнаа и на нашиот банкарски систем и на неговата подготвеност да одговори на шокот од корона-кризата. Притоа посочуваат дека во изминативе години, системот ја зајакна својата капитална позиција и дека стапката на основен капитал на крајот на минатата година изнесуваше 14,8 проценти, како и дека нивото на нефункционалните кредити е релативно ниско. Истовремено посочуваат и на оцената на ММФ дека банкарскиот систем би можел да поднесе значителен макрофинансиски шок.скс/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close