0_Спорт.ПорталОстанатоРезултати

Младост 96 е новиот македонски шампион во пинг-понг

Екипата на Младост 96 од Прилеп е нов македонски шампион во пинг-понг, откако денес во финалниот натпревар од супер лигашкиот плејоф го победи градскиот ривал Младост со 4:1.

Прилеп, 6 јуни 2021 (МИА) – Екипата на Младост 96 од Прилеп е нов македонски шампион во пинг-понг, откако денес во финалниот натпревар од супер лигашкиот плејоф го победи градскиот ривал Младост со 4:1.

Предводени од тренерот Гоце Тошески, Младост 96 стигна до првата титула славејќи убедливо на секој натпревар во текот на целата сезона.

Прилепските пингпонгари остварија дваесет победи од исто толку натпревари што е своевиден рекорд во македонското првенство.

Српскиот интернационалец во редовите на Младост 96, Стефан Костадиновиќ го отвори резултатот за водство од 1:0 против Теодор Кироски, на 2:0 за Младост 96 зголеми Петар Костовски кој славеше против Теодор Волканоски за кого ова беше прво финале на еден плеј оф натпревар.

Претходно вчера Волканоски ја освои титулата Државен првак во поединчна конкуренција за јуниори.

Во реприза на овогодинешното финале на државното првенство за сениори, Кристијан Станојковски повторно славеше над Ѓоко Јочкоски за убедливи 3:0 за Младост 96. Единствената победа за Младост ја извојува Кироски во мечот со Андреј Лашкоски. За конечни 4:1 се погрижи Костадиновиќ надигрувајќи го Јочкоски, со што Младост 96 се закити со титулата првак за сезоната 2020/21. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close