Дописници МКДОпштински вести

Младите од Крушево со работилница и документ со пораки до политичарите

Младите од Крушево на работилници ги претставуваат своите проблеми, но и идеите за нивно решавање. Втора работилница се одржа синоќа во Крушево, а нивните предлози и апострофираните проблеми како документ ќе им ги дадат на политичарите за да ги стават во програмите пред локалните избори.

Крушево, 25 јули 2021 (МИА) – Младите од Крушево на работилници ги претставуваат своите проблеми, но и идеите за нивно решавање. Втора работилница се одржа синоќа во Крушево, а нивните предлози и апострофираните проблеми како документ ќе им ги дадат на политичарите за да ги стават во програмите пред локалните избори.

Младите ги апосторфираат најголемите проблеми – недостигот од работни места, виновник за миграцијата, социјалниот живот и поголема промоција на Крушево како атрактивна туристичка дестинација.

-Крушево сега е многу изменето. И во однос на туризмот, и во однос на инфраструктура. За младите најпотребна е работа, се знае, за да останнеме сите во градот. А исто така е потребна и забава. Јас живеам тука и работам. Многу убаво место е за живеење, мирно. И за нашите деца, може спокојно да си играат, не стравуваме. Има иселувања од градот, а најголема причина е работатата. Работните места би ја спречиле миграцијата од Крушево, вели младата крушевчанка Васе Ташески.

Младите крушевчани имаат и свои предлози како да се стигне до решение на проблемите. За Димитар Ќосев, треба да се работи и на поголема промоција на Крушево, и од историски и од туристички аспект, а Спиро Божиноски смета дека за работа на младите, треба да се зајакне приватниот сектор.

-Треба многу да се работи на организацијата и понудата на крушево како атрактивно место за туристите. Од моите контакти знам дека странските туристи сакаат да ги слушнат и да ги видат приказните за историско и туристичко крушево. Треба да се работи и на чистотатата на градот да биде уште поатрактивен, истакна Ќосев.

Иницијаторот на проектот, Сотир Габелоски објаснува дека иницијативата „Од млади за млади“ е дел од проектот „Поддршка за изборни реформи, со финансиска поддршка на швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од Националниот совет на млади на Македонија и меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС. Вклучувањето на младите да ги посочат и да бараат решение за своите проблеми е голема придобивка зашто тие ќе го градат жиотот во Крушево. Ќе состават документ и ќе инсистираат партиите да го вградат во програмите пред локалните избори.

-Целта на иницијативата е да се обидеме да ги вклучиме младите, самите да се вклучат во детектирање на проблемите и да предложат решенија, односно предлог-проекти. На крајот ќе креираме документ кој ќе ги содржи овие предлог проекти и да влезе во предизборните програми на  на политичките партии.  Засега комуникацијата со политичките партии е на ниво на покана да учествуваат, да ги слушнат младите. До средината на август партиите ќе го добијат документот и ќе лобираме барем да влезе во нивните предизборни програми. Доколку се прифати програмата сметаме дека ќе го поттикнеме социјалниот живот во Крушево, младите ќе си го најдат местото и ќе останат тука, во Крушево, објаснува Габелоски.

Документираните пораки на младите крушевчани, партиите ќе ги добијат до средината на август.ем/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close