Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

„Младински музички маратон 2020“ вечер на „Скопско лето“

„Младински музички маратон 2020“ е насловен концертот кој вечер  од 20.30 часот ќе се одржи на плоштадот „Мајка Тереза“ во рамки на фестивалот „Скопско лето“. 

Скопје, 31 јули 2020 (МИА) – „Младински музички маратон 2020“ е насловен концертот кој вечер  од 20.30 часот ќе се одржи на плоштадот „Мајка Тереза“ во рамки на фестивалот „Скопско лето“.

Ќе настапат млади музичари –  пијанистите Гоце Златев, Дилек Реџеп и Инес Неделковска, и сопранистката Илина Митревска.  На програмата се дела од Лист, Рахманинов, Росини, Пучини, Моцарт, Перголези, Вебер, Шуберт, Равел, Властимир Николовски…

Како и другите настани на „Скопско лето“, концертот ќе се одржи според протоколите, бројот на публиката ќе биде ограничен и со задолжително почитување на  мерките за заштита – носење заштитни маски, мерење телесна температура, физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето, дезинфекција и влез на публиката порано, односно од 20 часот. хс/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close