0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

„Млади за Македонија“ објави платформа со 100 барања до политичките партии

Скопје, 3 јули 2020

Скопје, 3 јули 2020

Во пресрет на парламентарните избори, како одговор на тиранската платформа и нелегалната промена на нашето име, движењето „Млади за Македонија” денес објавимакедонска платформа со 100 барања до македонските политички партии. Централно барање е укинување на Преспанскиот договор и решавање на последиците од него, како и донесување на нов устав.

Македонската платформа содржи 100 политички, економски, образовни и еколошки барања. Се бара враќање на 16 кракото сонце за државно знаме, укинување на Преспанскиот договор, на договорот со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор и на двојазичноста, решавање на последиците од Тиранската платформа, владеење на правото, поништување на амнестијата на хашките случаи, гонење на воените злосторници од ОНА и на пратениците кои гласале за амнестијата на хашките случаи, гонење на сеуште живите грчки воените злосторници кои учестуваа во депортација, етничко чистење и злосторства против човештвото во егејскиот дел на Македонија, основање на Музеј на Македонскиот холокауст, реорганизација на безбедностните служби, воведување на полиција за животните (animal police), бесплатна ветеринарна служба, прогласување на Кожуф за национален парк, елитно средно училиште за деца гении, возобновување на Охридската книжевна школа како државен универзитет, платена студентска пракса, подобрување на контролата на храната, подобрување на квалитетот на водата за пиење и замена во целата држава на цевките од азбест, бесплатен интернет и телефонија за сите граѓани, ригорозна контрола на храната која се продава, ригорозни казни за малтертирањето на животните, нов закон за партии, намалување на платата на пратениците на ниво на минималната плата, топлификација на градовите со термална вода, социјални продавници, одвојување на 3% од БДП за капитални инвестиции и поддршка на старт-ап компании основани од младите, одвојување 1% од БДП за инвестиции во науката за проекти од највисок национален интерес, формирае на македонски генетски центар, спроведување национално палеогенетско истражување за демографската историја на македонскиот народ, реформирање на МАНУ, формирање на македонска вселенска агенција, формирање на македонска антарктичка програма и останати барања.

Македонската платформа е правен документ заснован врз почитување на оновните човекови права и слободи, а официјалното име на документот е “Манифест за заштита и унапредување на човековите права и слободи.” Доколку целосно се реализира оваа платформа, на долг рок целосно ќе ја промени иднината на Македонија и на македонскиот народ.

Млади за Македонија

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close