0_Магазин.Портал0_Македонија.ПорталМагазинОпштество

Млади од земјава креираат мобилна апликација #ChallengerДома

Четири млади лица од команијата „Challenger“ изготуваат мобилна апликација  #ChallengerДома, која, како што истакнаа,  ќе ги поттикнува граѓаните да ги почитуваат мерките, а ќе помогне на компаниите да се рестартираат од Ковид-19.

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Четири млади лица од команијата „Challenger“ изготуваат мобилна апликација  #ChallengerДома, која, како што истакнаа,  ќе ги поттикнува граѓаните да ги почитуваат мерките, а ќе помогне на компаниите да се рестартираат од Ковид-19.

– Епидемијата од Ковид-19 како тим не натера да размислуваме што корисно би креаирале за нашите граѓани и компании, да направиме сите заедно добро за заедницата. Токму така се роди идејата за новата апликација наречена #ChallengerДома, преку која граѓаните ќе ги мотивираме и поттикнеме да седат дома. Во оваа фаза би сакале да ги повикаме сите компании да се вклучат да бидат дел од апликацијата, со цел сплотени да ја пребродиме економската криза. Ве уверуваме дека оваа апликација ќе е вин-вин за сите, така што очекуваме да биде прифатена како од граѓаните, така и од компаниите“ велат од „Challenger“.

Апликацијата #ChallengerДома ќе може да се инсталира на сите паметни мобилни телефони, а поддржана е од Фондот за иновации и технолошки развој.см/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close