Општество

Млади активисти преку песна побараа реформи во образованието

Итни реформи во образованието во повеќе сфери порачаа денеска младите од активистичкото хорче на Здружението за едукативен развој „Еквалис“, кои пред Министерството за образование ја изведоа песната „Another Brick in the Wall“ од Pink Floyd. Образованието, според нив, ќе биде унапредено само доколку јавно и гласно зборуваат за тоа.

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Итни реформи во образованието во повеќе сфери порачаа денеска младите од активистичкото хорче на Здружението за едукативен развој „Еквалис“, кои пред Министерството за образование ја изведоа песната „Another Brick in the Wall“ од Pink Floyd. Образованието, според нив, ќе биде унапредено само доколку јавно и гласно зборуваат за тоа.

Тие побараа реформи во поглед на повлекувањето на сите учебници со дискриминаторска содржина и наоѓање соодветни механизми со кои училиштата ќе се справуваат со врсничкото насилство.

-Сакаме училиштето да го чувствуваме како безбеден простор, сакаме да имаме основни хигиенски средства во училишните тоалети и сакаме училиштето да е место каде што се раѓа креативност, а не страв, соопштија активистите од Здружението „Еквалис“ и ги повикаа сите млади да проговорат за се она што сметаат дека е неисправно во образованието.

Настапот на активистичкото хорче на „Еквалис“ е инспириран од веќе постоечки граѓански иницијативи кои ја користат песната како платформа за промена. Како што наведуваат во соопштение, активистите на ова хорче не се пејачи и не се занимаваат со пеење, туку само ја користат песната како платформа за пренесување порака.бт/скс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close