Дописници МКДКултура

Младата кичевчанка Салије Бајрами ја воодушеви Европа со својот талент и глас

Во текот на 2020 година Салије Бајрами од кичевоско Аранѓел учествуваше на многу меѓународни фестивали во живо, кои се одржуваат преку интернет, при што ја воодушеви Европа со својот талент и глас ценет насекаде каде што се претстави.

Кичево , 21 септември 2020 (МИА) – Во текот на 2020 година Салије Бајрами од кичевоско Аранѓел учествуваше на многу меѓународни фестивали во живо, кои се одржуваат преку интернет, при што ја воодушеви Европа со својот талент и глас ценет насекаде каде што се претстави.

Кичевскиот талент Салије Бајрами учествувала на многу фестивали низ стариот континент, и тоа „Подготовка на фестивал на sвезди“ – Романија, каде му беше доделена прва награда. „Светска визија -2020“ во Ерменија, се пласираше во полуфиналето, „Пеј од дома“ во Италија, беше наградена со трета награда во фолклорна категорија и втора награда во поп категорија , „Интернет натпревар за пеење и танцување“ во Бугарија, каде и беше доделена диплома, „Музички фест на светски гласови“ во Романија, каде и беше доделена прва награда, „Златен глас“ во Малта е наградена со гран при и е оценета како пејачка со најмногу поени од 41 земја, потоа учесничка на „Диги-од-уметничко лето“ во Полска, каде освои прва награда , „Ѕвезди што растат“ во Косово, каде доби две први награди во категоријата народни и филмски песни, исто така на „Соната на звездите“ во Литванија е наградена со прва награда, а доби покана да биде дел од овој фестивал следната година.

На „Музичка земја“ во нашата држава и беа доделени две втори награди во категоријата поп и филмски песни.

Посебна карактеристика за оваа година е нејзиното учество во последните вечери на филмот на фестивалот „Музичка земја“ каде што пееше со симфониски оркестар.

За сите овие успеси таа е благодарна за на нејзиниот професор по пеење Ардит Стафа, за вокалните вежби и напорната работа. рз/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close