
Лос Анџелес, 14 мај 2020 (МИА) – Младата американска професионална голферка Пејџ Спиранак постојано ги чести следачите со видео од еден свој вообичаен ден за тренинг.
Game face before shot😤 and face after a solid shot😬 How far do you hit your 8 iron?
Posted by Paige Spiranac on Вторник, 12 мај 2020
Со тоа, според многумина, сака да покаже и дека и камерата и фотообјективот ја сакаат.
Пејџ Спиранак е родена 1993 година во Денвер, Колорадо, САД. Таа првично играла голф на Универзитетот на Аризона и Државниот универзитет во Сан Диего. Професионалната кариера ја започна 2015 година на „Кактус тур“, по што следеа и други натпревари.
Перидов, како и цел свет, и таа е во самоизолација, но не ги заборава тренинзите и својата страст – голфот.
На Инстаграм, спортистката има над два милиони следачи. си/сд/