• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Трамп побара од членките на НАТО двојно да ги зголемат расходите за одбрана на четири проценти од БДП

Трамп побара од членките на НАТО двојно да ги зголемат расходите за одбрана на четири проценти од БДП

Брисел, 11 јули 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска побара од членките на НАТО да го зголемат трошењето за одбрана од два проценти од бруто домашниот производ на четири, колку што сега трошат Соединетите Американски Држави.

Самитот на НАТО помина во знак на инсистирањето на Трамп до другите 28 членки да почнат сериозно да ја сфаќаат обврската да се одбранат од надворешни напади, и да почнат интензивно да купуваат вооружување, а не упорно да се потпираат врз американската армија. Повеќето членки на НАТО не ја исполнуваат ниту сега преземената обврска да трошат два проценти од бруто домашниот производ, а некои трошат и под еден процент.

Претставник на Белата куќа денеска информираше дека претседателот, во разговорите со лидерите на другите членки на НАТО, ги прашувал кои се нивните планови за идните воени расходи. На спомнувањето на бројката од два проценти, претседателот одговарал дека е подобро да се размислува за четири проценти од вкупното годишно економско производство. цч/18:14

###