• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Акција за чистење на Козјак по повод Денот на планетата Земја

Акција за чистење на Козјак по повод Денот на планетата Земја

Скопје, 22 април 2018 (МИА) - Акција за чистење на езерото Козјак се спроведува денеска по повод Денот на планетата Земја, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, здружението „Гоу Грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија”.

Во акцијата најавено е дека ќе се вклучи и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. 

Кон акцијата се приклучија и Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Агенцијата за млади и спорт, општина Македонски Брод со комуналното претпријатие, ЈП „Јасен“, Асоцијацијата на колективни постапувачи со отпад, Црвниот крст на Македонија, кајакари, нуркачи, планинари, граѓански здруженија и претставници од дипломатскиот кор.

Организаторите ги повикуваа сите љубители на чистата животна средина да се приклучат кон оваа еколошка акција, да поминат еден ден во природа покрај езерото во исто време давајќи придонес кон чистотата и убавината на неговата околина.

- Нашата цел е да се намали отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници, појаснуваат организаторите.

Денешната акција е дел од Националната акција за чистење на отпадот на целата територија на Македонија чија втора фаза ќе се спроведе во септември.

Овие активности се дел од глобалната акција - Let’s do it! World Cleanup 2018. Акцијата е официјално поддржана од Европскиот Парламент и во неа учествуваат над стотина земји во светот. ац/бак/10:05

###

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...