• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Тинејџер го победи Ѓоковиќ во Торонто

Тинејџер го победи Ѓоковиќ во Торонто

Торонто, 10 август 2018 (МИА) - Четирикратниот шампион Новак Ѓоковиќ отпадна во 1/8-финалето на „Роџерс купот“ во Торонто, по изненадувачки пораз од тинејџерот Стефанос Циципас. Деветнаесетодишниот Грк триумфираше со 6:3, 6:7 (5), 6:3 и ја постигна највредната победа во досегашната кариера.
 
- Го следев својот план и знаев дека порано или подоцна Ѓоковиќ ќе се скрши, демонстрираше самодоверба по успехот Циципас кој првпат ќе игра четвртфинале на „Мастерс“ турнир.
 
Грчкиот тенисер направи брејк во самиот почеток на третиот сет и не го испушти водството до крајот на натпреварот. Тој триумфираше по 2 часа и 17 минути, а Ѓоковиќ го призна поразот.
 
- Циципас одигра многу добро и без сомнение победи заслужено. Јас дозволив доста грешки од главната линија и не бев стабилен при ретурните, прокоментира Србинот по мечот. вз/09:17

###

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...