• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Извозот од зоните зголемен за 13 проценти, во завршна фаза договорите со три нови компании

Извозот од зоните зголемен за 13 проценти, во завршна фаза договорите со три нови компании

Скопје, 22 април 2018 (МИА) - Половина милијарда е вредноста на извозот остварен во првите три месеци од годинава на компаниите што  во моментов работат во слободните економски зони. Најголем извезувач е британската компанија „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Скопје 1 (Бунарџик). 

- Позитивниот тренд на извоз од ТИРЗ зоните продолжува. Странските директни инвестиции целосно ја променија структурата на македонскиот извоз. Размената стана поизбалансирана, земјава кон странство испорачува производи со повисока додадена вредност. Извозот во првите три  месеци од годинава е зголемен за 13 проценти споредено со истиот период  од  минатата 2017 година. Извозот за првите три месеци надмина 552 милиони евра што значи дека разликата меѓу извозот и увозот е над 62 милиони евра за првите три  месеци од годинава, велат за МИА од Дирекцијата на ТИРЗ.

Оттаму оценуваат дека постојните странски инвестиции во зоните, кои најмногу извезуваат во европските држави, целосно ја сменија структурата на надворешната трговија на Македонија.

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов во изјава за медиумите посочи дека извозот од почетокот на годината оди многу подобро над очекувањата и оти може да има значаен придонес врз економскиот раст годинава.

Димитар Богов

- Стапката на раст на извозот е многу висока и таа главно е водена од оние нови производствени капацитети во слободните економски зони, значи оние многу критикувани капацитети го водат извозот и со тоа веројатно ќе имаат значаен придонес врз економскиот раст годинава, изјави неодамна Богов.

На веќе постојните странски капацитети кои работат во зоните во текот на оваа година треба да им се придржат и да почнат со работа македонската Хај тек асембли, германската компанија Герман електро мехатроникс и италијанската Јуроп шок абсорберс, сите во ТИРЗ Скопје 1.

Дирекцијата за ТИРЗ најавува дека е во тек на преговори и со други инвеститори и во следниов период очекува нови договори за закуп на земјиште во ТИР зоните, со компании од автомобилската индустрија, но и индустрија за производи за медицинска намена, и други.

тирз скопје

- Во завршна фаза се и договорите  со три нови компании од Америка, со компанија од Италија и компанија од Дубаи чии имиња дополнително ќе бидат објавени, велат од Дирекцијата. 

Истакнуваат дека во текот на следните неколку месеци ќе бидат прецизирани и елементите од новите договори за проширување на капацитетите на неколку постојни инвеститори во ТИРзоните.

Владата согласно новата програма за поддршка на економскиот план има потпишано договори со девет странски инвеститори кои треба да почнат со реализација на своите инестиции во зоните.

Вредноста на најавените инвестиции е 38 милиони евра, а во капацитетите што ќе се отворат треба да се вработат над 2.100 лица.

На 1 декември 2017 година потпишан е договорот за закуп на градежно земјиште со турската компанија "Мурат Тиџарет". Компанијата Мурат виринг системс Македонија или  “Мурат Тиџарет” својата нова фабрика ќе ја лоцира во ТИРЗ Скопје 2, каде што ќе произведува кабли и електрични инсталации за автомобилската индустрија, а производството ќе биде наменето за европскиот пазар и САД. Планирано е вкупната инвестиција да изнесува 4,5  милиони евра и да вработи 300 нови лица.

Мурат Тиџарет во ТИРЗ Скопје 2

На почетокот на јануари годинава  е  одобрена првата гринфилд инвестиција според критериумите од новиот План за економски раст, а ќе биде потпишан и договорот со „Џемдаг Лајтинг Еуропа“. Оваа компанија треба да оперира во ТИРЗ Скопје 1. Инвестицијата е планирана на четири милиони евра и 200 вработени.

Кон крајот на јануари 2018 година, Владата донесе одлука за давање согласност на договорот за доделување на државна помош во облик на даночни олеснувања на турската компанија „Чагатај Кабло”, која вече гради во Бунарџик и се очекува скоро да почне со работа. Вкупната инвестиција изнесува  шест милиони евра и етапно планира да вработи 300 лица.

На 20 декември 2017 година почнува со изградба нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1 – Германската компанија Кеслер ќе произведува електромотори во Македонија. Директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски потпиша договор за реализација на инвестицијата на германската компанија Кеслер во ТИРЗ „Скопје 1” во вредност од 2,5 милиони евра со 80 планирани вработувања.

На почетокот на февруари годинава турската компанија Доган Отомотив поточно Друштво за производство, трговија, промет и услуги ДОГАН ОТОМОТИВ ДОО увоз – извоз Скопје,   донесе одлука за инвестирање во ТИРЗ Скопје 1. На владина седница министрите ја прифатија предлог одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1 за оваа нова турска инвестиција. Доган Отомотив во ТИРЗ Скопје 1 во првата етапа на површина од 13.000 м2 ќе изгради објект од 3500 м 2.

Висината на инвестицијата за првите три години е предвидено да изнесува околу 700.000 евра во опрема и машини, околу 300.000 евра за целокупниот организациски процес и секако дополнително средства за изградба на производствениот капацитет. Првично предвидено е да се вработат околу 30 лица во производство и маркетинг кои за потребите на производство ќе бидат испратени на обуки. Со зголемувањето на производството и со модернизацијата бројот на вработени ќе се зголемува. 

Во месец февруари и компанијата “Саген ДООЕЛ”, односно  Друштвото за производство на лекови Саген ДООЕЛ Скопје од фармацевската индустрија која е со седиште во Тирана, Албанија, одлучи да  инвестира во изградба на нова фабрика во ТИРЗ Скопје.

Според бизнис планот висината на инвестицијатаќе биде над 20 милиони евра и ќе се отворат околу 300 нови работни места. Инвестицијата е поделена во три фази, а за таа намена во ТИРЗ Скопје 1 е закупена парцела со површина од околу 28.000 m2. Се планира изградбата на производствениот капацитет да почне најдоцна до 1 јули годинава и по завршувањето на првата фаза во период од максимум две години да започне со производство. Сите фази ќе се завршат во рок од пет години од започнувањето на градежните активности.

ВИК договор Влада

Во средината на февруари,  германската компанија за електрични апарати ВИК го парафираше договорот со Владата за државна помош. Оваа инвестиција е во прилепската развојна зона, а ќе произведува апарати за домаќинство. „ВИК групацијата“ е семејна компанија, има фабрики во Кина и Индонезија. Од Владата очекуваат, инвестицијата, во која првично ќе работат 60-тина луѓе да ја раздвижи локалната економија и да го го реализира ветувањето за 1.000 вработувања.

На почетокот на овој месец Владата ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, со нацрт – договор за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги Баумер ДООЕЛ Скопје, чија матична компанија е Baumer Holding AG од Швајцарија.

Ова, како што велат од Дирекцијата на ТИРЗ, е 10-та поддршка за странска инвестиција според новата програма за поддршка на економскиот план на Владата на РМ.

Владата ја усвои и информацијата за предлог договорот за доделување државна помош за инвестицијата на германската Костал за реализација на инвестициски проект на територијата на Општина Охрид, како браунфилд инвестиција во постоечките капацитети на индустрискиот комплекс „ЕМО ОХРИД“, наменета за обука на вработени, тест производство и сериско производство на мехатронски делови составени од електроника, прекинувачи и конектори наменети за автомобилската индустрија.

Сузи Котева Стоименова

НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...