Проекции на шест македонски филма во девет општини

Проекции на шест македонски филма во девет општини

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) - Здружението на филмски продуценти на Македонија (МЗФП) организира Денови на македонскиот филм од денеска до 21 септември во центрите на културата во девет градови во Македонија.

Ќе бидат прикажани шест филма во кои Македонија има мнозинско или малциснко учество. Проекциите се бесплатни и во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

Ќе почнат вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со копродукцискиот филм „Банат“ во режија на Адриано Валерио. 

 Денови филм плакат

„Златна петорка“  на режисерот Горан Тренчовски ќе биде прикажан во Струга (16 септември), Гевгелија (19 септември) и Неготино (20 септември).

„Уставот на Република Хрватска“  во режија на Рајко Грлиќ во Штип на 17 септември и во Крушево и Кичево на 20 септември.

„Скршено“ во режија на Едмонд Будина ќе биде прикажан во Куманово (17 септември), во Гостивар (20 септември) и Кичево (21 септември).

„Ах, љубов моја“ на Коле Ангеловски во Куманово е на 17 септември, на 18-ти во Радовиш и Крушево и на 19-ти во Неготино.

„Височините“ во режија на Виктор Божинов ќе биде прикажан во Гостивар и Радовиш на 19-ти и 21 септември. 

МЗФП првпат ги организира Деновите на македонскиот филм со цел да ја промовира  македонската кинематографија. хс/са/12:27

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...