• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Светскиот лидер по број на убиства Бразил, со нов неславен рекорд

Светскиот лидер по број на убиства Бразил, со нов неславен рекорд

Рио де Жанеиро, 10 август 2018 (МИА) – Рекордни 63.880 луѓе се убиени во Бразил во минатата година со што тоа е најсмртоносна година во историјата на државата, се вели во извештај.

Најголемата држава во Јужна Америка е светски лидер по број на убиства.

Бразилскиот форум за јавна безбедност, независна организација која анализира национални статистики, поврзани со криминалот и кои се автори на извештајот, нагласува дека организираниот криминал е една од причините за зголемениот број убиства.

Тие додаваат дека има и се поголеми полициски операции против нарко-банди, кои контролираат многу од бразилските фавели.

Во просек по 14 луѓе дневно убива полицијата што е за зголемување за 20 отсто во споредба со претходната година. Над илјада жени се убиени во криминални дела од омраза, се наведува во извештајот. зш/07:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...