• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

СП 2018: Хрватска преку Англија до финалето

СП 2018: Хрватска преку Англија до финалето

Москва, 11 јули 2018 (МИА) - Хрватска вечерва ја победи Англија со 2:1 во полуфиналето на Светското фудбалско првенство и за првпат во својата историја стигна до финале на Мундијал.

Веќе во 5. минута Киеран Триппиер го отвори резултатот со гол од слободен удар. Во средината на вториот дел Иван Перишиќ го изедначи резултатот.

Победничкиот погодок за „коцкестите“ го постигна Марио Манджукиќ во второто продолжение.

Во финалето на Светското првенство 2018 година в недела, на 15 јули, во Москва, Хрватска ќе игра против Франција.

Во натпреварот за третото место в саботата (14 јули), во Санкт Петербург, Англија ќе се состане со Белгија. зс/23:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...