• A-
  • A
  • A+
недела, 15 јули 2018, 

Потврдена поканата за НАТО

Потврдена поканата за НАТО

Брисел, 11 јули (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг потврди дека НАТО Алијансата денеска се согласи да и издаде покана на Македонија.

- Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по првата сесија на северноатлантскиот совет на Самитот на НАТО.

Столтенберг јасно стави на знаење дека само со промена името може Македонија да влезе во Алијансата.

- На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да ги добијат. Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи, истакна Столтенберг.

- Го поздравувам Договорот со Грција, јасно кажавме дека ќе започнеме пристапни преговори и рековме дека еднаш откако ќе се финализираат процедурите ќе може ПЈРМ да стане 30-та членка со новото име, рече тој одговарајќи на новинарско прашање. тм/ац/17:51

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ