• A-
  • A
  • A+
петок, 25 мај 2018, 

Косовскиот претседател ја повика ЕУ да и даде појасна перспектива на Приштина

Косовскиот претседател ја повика ЕУ да и даде појасна перспектива на Приштина

Приштина, 18 април 2018 (МИА) - Претседателот на Косово Хашим Тачи ја повика Европската унија да и даде појасна перспектива на Приштина и да ја третира рамноправно со останатите на патот кон членство во ЕУ.

Тачи рече дека Косово останува посветено на евроинтеграцијата и со „соодветната волја ќе ги зајакне своите чекори кон интеграцијата во ЕУ“.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го повика Косово да продолжи со реформите и преговорите со Србија, „вклучително и за постигнување на правно обврзувачки договор“.

Тачи го повика Брисел да го укине визниот режим за косовските граѓани, откако минатиот месец Парламентот во Приштина го одобри договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше предуслов на Брисел за безвизно патување на Косоварите во Шенген. Косово е единствената земја од Југоисточна Европа, на чии граѓани се уште им требаат визи за патување во Шенген зоната. јт/зш/07:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.