• A-
  • A
  • A+
петок, 25 мај 2018, 

Вучиќ: Избрав мир наместо војска

Вучиќ: Избрав мир наместо војска

Белград, 28 март 2018 (МИА)- Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека разгледувал и опција за употреба на армијата и полицијата поради настаните на Косово, но избрал трпеливост и зачувување на мирот.

На новинарско прашање дали е точно дека бил подготвен како претседател да даде наредба за испраќање армиски единици и полиција на границата, Вучиќ рече дека негова уставна обврска е да го штити интегритетот на Србија и дека мора да разгледува и таква опција.

– Затоа ме избраа граѓаните. Не гледам што е толку спорно да разгледуваме...Не донесов одлука. Да донесов, ќе бевте запознаени. Тоа не може да се скрие. Но, дека разгледував таква опција – тоа е точно, изјави Вучиќ.

Тој вели дека негова обврска е секојпат кога постои кризна ситуација и кога народот е загрозен да ги разгледа сите опции.

– Избрав трпеливост и зачувување на мирот. Секогаш таква опција ќе одберам доколку не е ситуација од која не може да се извлечете туку мората да барате употреба на армија, наведе Вучиќ во интервју за Прва телевизија. ир/зш/19:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.