• A-
  • A
  • A+
среда, 18 јули 2018, 

Тачи ја оцени позитивно посетата на Вучиќ на Косово

Тачи ја оцени позитивно посетата на Вучиќ на Косово

Приштина, 22 јануари 2018 (МИА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи ја оцени како позитивна вчерашната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Косово.

- Освен некои популистички изјави, кои можеби се неизбежни за време на ваквите посети, престојот на претседателот Вучиќ помина без инциденти, напиша Тачи на својот „Фејсбук“ профил.

Тачи додаде дека е задоволен што за време на престојот на Вучиќ на Косово, српскиот претседател неколкупати ја истакнал важноста на дијалогот како единствен начин за нормализација и доверба.

Според него, Приштина и натаму ќе биде посветена на дијалогот за нормализирање на односите, сè додека не се постигне историски мировен договор и помирување. ир/гт/08:48

###



    

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.