• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

МКФ ќе го организира второт турнир за девојчиња до 14 години

МКФ ќе го организира второт турнир за девојчиња до 14 години

Скопје, 20 април 2017 (МИА) - Македонската кошаркарска федерација (МКФ) повторно ќе организира турнир за најмладите кошаркарки, односно за девојчиња на возраст до 14 години.

Осум екипи настапија на првиот турнир кој МКФ успешно го организираше во Скопје, а според најавата вториот ќе биде организиран во Струга или во Вевчани.

Според најавата на официјалната интернет страна на федерацијата, турнирот треба да се одржи во последниот викенд месецов, односно на 29 и 30 април.

Клубовите кои се заинтересирани мора да го потврдат учеството на турнирот најдоцна до петок (21 април 2017 година), во канцаларијата на федерацијата.

Сите трошоци за официјалните лица како и за сместување на екипите ќе бидат покриени од страна на МКФ, а клубовите учесници ги покриваат трошоците за патување и за храна, информираат од МКФ.

На првиот турнир, екипата на Струга 2009 го подигна победничкиот трофеј откако во финалето беше подобра од битолски Пелистер. ит/сст/21:23

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...