• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Дербито Работнички – МЗТ Скопје во сабота од 18 часот

Дербито Работнички – МЗТ Скопје во сабота од 18 часот

Скопје, 20 април 2017 (МИА) – Големото македонско кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра во сабота 22 април со почеток од 18 часот.

Ова е дерби натпревар од 8. коло Супер лига, во кое и другите две средби ќе се играат во истиот термин (18 часот).

Покрај средбата во салата „Градски парк“, во Скопје ќе се игра и мечот меѓу Карпош Соколи и Куманово, додека во Кавадарци, екипата на Фени Индустри ќе биде домаќин на гевгелиски Кожув.

Во пресрет на последните три кола засега единствено сигурен учесник во полуфиналето е актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, додека на Карпош Соколи му е потребна само уште една победа.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 14 бода, Карпош Соколи 12, Работнички 11, Кожув 9, Куманово 9 и Фени Индустри 8. ит/сст/20:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Постер со Елвис Присли продаден за 42.500 долари

Редок постер со Елвис Присли од 1955 година, беше ...

Шанаја Твејн се извини за своја изјава дека би гласала за Трамп

Канадската кантри и поп пејачка Шанаја Твејн се из...

Мебел од парискиот хотел „Риц“ продаден за рекордни 7,3 милиони евра

Луксузен мебел од легендарниот париски хотел „Риц“...

Бакир Изетбеговиќ заврши во видео игра

Непознати автори направија видео игра насловена „Е...

Почина актерот Верн Тројер

Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогат...