• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Ѓорческа со Најденова се пласираа во полуфиналето во двојки на турнирот во Киасо

Ѓорческа со Најденова се пласираа во полуфиналето во двојки на турнирот во Киасо

Киасо, 20 април 2017 (МИА) -  Откако утринава се пласира во четвртфиналето во поединечна конкуренција најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа попладнево обезбеди и пласман во полуфиналето во двојки, на фјучерс турнирот во швајцарскиот град Киасо. 
 
Ѓорческа заедно со својата партнерка Александрина Најденова од Бугарија, кои се први носителски на турнирот, во два сета ги совладаа домашните тенисерки Илена Ин-Албон и Карин Кенел. Првиот го добија со 6-3, а во вториот беа и поубедливи добивајќи го со 6-2 во гемови.
 
Ѓорческа и Најденова за место во финалето ќе се борат со Георге од Франција и Сугно од Швајцарија. ит/вг/17:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...