• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Куманово домаќин на Државно првенство во мал фудбал за основни училишта

Куманово домаќин на Државно првенство во мал фудбал за основни училишта

Куманово,20 април 2017 (МИА) - Четири екипи од основните училишта „Браќа Миладиновци“ Куманово,„Наим Фрашери“ Тетово,„Климент Охридски“ Облешево и „Александар Македонски“ Скопје, денеска учествуваат на државното првенство во мал фудбал кој се одржува во Куманово во спортската сала на училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата „Перо Чичо“.

Првенството го организира на Федерацијата на училишен спорт и општинскиот училиштен спорт од Куманово.

- Овде учествуваат најдобрите четири екипи кои се квалификуваа пред неколку месеци од општините, од зоните, регионите. Тие денеска во Куманово ќе покажат што значи квалитет. Тие се спортска иднина за нашата држава, изјави претседателот на Федерацијата на училишен спорт во Македонија, Александар Туфекчиевски.

Тој нагласи дека Куманово е домаќин кој нуди исклучителна поддршка за сите државни натпревари кои се организираат на подрачјето на општина.

Претседателот на општинскиот училишен спорт,Ивица Ѓорѓиевски истакна дека државните првенства за прв пат се одржуваат со четири екипи. Првопласираните три екипи ќе добијат пехар и медали, а ќе има награди и за фер плеј екипа, најдобар играч и најдобар стрелец. Четири играчи од екипата што е првопласирана и по двајца играчи од останатите екипи ќе имаат можност да одат на спортскиот камп кој се одржува во Охрид.

Тренерот и професор од училиштето-домаќин на првенството „Браќа Миладиновци“, Миле Јордановски изјави дека станува збор за многу силна конкуренција и дека се дојдени најдобрите и најквалитетните екипи од државата.

Првенството го прогласи за отворено градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој посочи дека Куманово поради добрата спортска инфраструктура често  е домаќин на државни првенства и дека ќе продолжи со тој тренд и во иднина. ам/зс/13:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Постер со Елвис Присли продаден за 42.500 долари

Редок постер со Елвис Присли од 1955 година, беше ...

Шанаја Твејн се извини за своја изјава дека би гласала за Трамп

Канадската кантри и поп пејачка Шанаја Твејн се из...

Мебел од парискиот хотел „Риц“ продаден за рекордни 7,3 милиони евра

Луксузен мебел од легендарниот париски хотел „Риц“...

Бакир Изетбеговиќ заврши во видео игра

Непознати автори направија видео игра насловена „Е...

Почина актерот Верн Тројер

Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогат...