• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Пелистер против Шкендија во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија

Пелистер против Шкендија во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија

Битола, 19 април 2017 (МИА) – Екипите на битолски Пелистер и тетовска Шкендија обезбедија пласман во финалето во фудбалскиот Куп на Македонија. 
 
Фудбалерите на Пелистер забележаа победа со 1:0 против Брегалница во реванш полуфиналниот меч кој попладнево се одигра на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола. 
 
Откако првата средба одиграна во Штип заврши нерешено 2:2, благодарение на погодокот на Бразилецот, Лукас Фереира Кардосо во 80-минута Пелистер со вкупен резултат 3:2 се пласира во финалето. 
 
За битолчани ова е прв финален меч по пауза од 16 години, откако во 2001-та во финалето ја совладаа Слога Југомагнат со 2:1. 
 
Тетовска Шкендија ќе има можност да го брани трофејот освоен минатата година, откако во полуфиналето го елиминира Вардар. Иако на денешниот реванш дуел Вардар со голот на Дарко Велковски во 60. минута победи со 1:0, сепак тоа не беше доволно да се анулира негативата од првата средба во Скопје каде тетовци победија со 3:1. 
 
Инаку овој меч го одбележа и подолгиот прекин во првото полувреме, откако судијата Ставрев оправдано им покажа црвени картони на капитените на двете екипи Грнчаров и Хасани, по што дојде до поголема мешаница на теренот, но и обид на дел од навивачите на домаќините да влезат на теренот, по што гостите од Скопје се повлекоа во соблекувалните. Сепак во продолжението мечот мина без инциденти. 
 
Финалниот натпревар на Купот на Македонија, Пелистер и Шкендија ќе го играат на 17 мај. ит/скс/18:22

###

 
 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Постер со Елвис Присли продаден за 42.500 долари

Редок постер со Елвис Присли од 1955 година, беше ...

Шанаја Твејн се извини за своја изјава дека би гласала за Трамп

Канадската кантри и поп пејачка Шанаја Твејн се из...

Мебел од парискиот хотел „Риц“ продаден за рекордни 7,3 милиони евра

Луксузен мебел од легендарниот париски хотел „Риц“...

Бакир Изетбеговиќ заврши во видео игра

Непознати автори направија видео игра насловена „Е...

Почина актерот Верн Тројер

Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогат...