• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Куманово загуби во реваншот, Берое е новиот шампион во БИБЛ лигата

 Куманово загуби во реваншот,  Берое е новиот шампион во БИБЛ лигата

Куманово, 18 април 2017 (МИА) – Екипата на Куманово не успеа да го освои пехарот во БИБЛ лигата откако вечерва во реваншот од финалето во ова натпреварување загуби од бугарскиот тим Берое со 77:73 (22:9; 20:17; 11:30; 24:17). На првиот натпревар одигран во Стара Загора Берое победи со 84:55.

Најефикасен на натпреварот беше Брендис Рос од Берое со 17 поени.
Натпреварот доцнеше со почетокот од причина што на неколку минути пред стартот на дуелот снема струја во спортската сала во Куманово.

Куманово е третата македонска екипа што играше во финалето на ова натпреварување, откако претходно тоа им успеа на Работнички во 2009 година и на Фени Индустри во 2011 година. Токму тимот од Кавадарци, Фени Индустри е единствениот од Македонија кој го има освоено ова натпреварување.мн/скс/21:28

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Постер со Елвис Присли продаден за 42.500 долари

Редок постер со Елвис Присли од 1955 година, беше ...

Шанаја Твејн се извини за своја изјава дека би гласала за Трамп

Канадската кантри и поп пејачка Шанаја Твејн се из...

Мебел од парискиот хотел „Риц“ продаден за рекордни 7,3 милиони евра

Луксузен мебел од легендарниот париски хотел „Риц“...

Бакир Изетбеговиќ заврши во видео игра

Непознати автори направија видео игра насловена „Е...

Почина актерот Верн Тројер

Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогат...