Победи на Работнички и на Карпош Соколи во натпреварите од Супер лигата
- понеделник, 20 март 2017 08:00
Скопје, 20 март 2017 (МИА) – Екипите на Работнички и на Карпош Соколи забележаа победи против Куманово, односно Кожув во натпреварите од 2.коло на кошаркарската Супер лига одиграни вчеравечер.
На средбата одиграна во салата „Градски парк“ во Скопје, кошаркарите на Работнички го совладаа Куманово со 87:69, додека Карпош Соколи го победи Фени Индустри во Кавадарци со 90:78.
Во саботата во Гевгелија, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над Кожув со 77:71.
Со по две победи по двете одиграни кола на првите две позиции се МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, трет е Работнички со една победа и еден пораз, а Куманово, Кожув и Фени Индустри имаат по два пораза. зс/08:00
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 08:24 | Свазиленд го менува името
Кралот на Свазиленда Мсвати Трети изјави дека државата ќе го смени името и ќе се вика „еСватини“ што...
- 08:20 | Бугарски автобус што патувал кон Македонија изгорел кај ГП Ѓуешево- Деве Баир
Бугарски автобус, со 46 патници кои патувалке кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќ...
- 08:02 | Симулација на сообраќајка пред Сити Мол
Црвен крст на град Скопје во соработка со МВР денеска напладне пред Сити мол ќе реализира симулациск...
- 07:50 | Шеснаесет земји со одлука за следење на корупцијата во Венецуела
Министрите за финансии од неколку латиноамерикански држави, како и од Европа и САД се договорија да ...
- 07:49 | Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје денеска организира настан за промоција на библиотек...