• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Работнички го доби дербито против Силекс, победи на Вардар и Шкендија

Работнички го доби дербито против Силекс, победи на Вардар и Шкендија

Скопје, 18 март 2017 (МИА) – Водечкото трио на табелата Вардар, Шкендија и Работнички , забележаа победа на натпреварите од 23. коло во Првата лига одиграни попладнево.

Дерби дуелот одигран на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, му припадна на Работнички кој со 2:0 го совлада Силекс.

„Романтичарите“ поведоа со голот на Горан Силјановски постигна со удар од 35 метри, кој во 59-та минута го искористи невниманието на гостинскиот голман Вујанац, односно неговата лоша проценка. А, токму по акцијата на Силјановски во 66-та минута Суад Сахити ги постави конечните 2:0 за Работнички.

Лидерот Вардар забележа сигурна победа на гостувањето во Ѓорче Петров против Македонија која ја совлада со 5:0. Гостинска победа оствари и Шкендија која со 3:1 ја совлада Брегалница.

Три бода освоија и фудбалерите на Ренова кои со 2:1 го победија Пелистер, а единствено дуелот Победа – Шкупи заврши без победник 1:1. ит/16:27

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...