• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Зимски кошаркарски камп во Струга

Зимски кошаркарски камп во Струга

Струга, 11 јануари 2017 (МИА) – Околу 50 деца од Кавадарци, Македонска Каменица, Кочани и Виница учествуваат на зимскиот кошаркарски камп „Солферино 2017“ што се одржува во Струга во организација на Кошаркарскиот клуб „Фени индустри“ од Кавадарци и Академијата „Баскет камп“ од Македонска Каменица.

Младите кошаркари, според тренерот Атанас Димов, ќе имаат можност да ја одржат кондицијата и да ги усовршат техниките на овој спорт.

- Кампот е за меѓусезонски период кога децата се на распуст, се одмараат, без училишни обврски и после празниците малку да ги раздвижиме, а и да се подготват за вториот дел од сезоната, вели Димов.

Според него, децата се повеќе се заинтересирани да тренираат кошарка бидејќи овој вид спорт оди во нагорна линија.

- Има се поголем број деца, особено во академиите во Македонска Каменица, кои добро котираат во лигите на Кошаркарската федерација и секоја година завршуваат на врвот во првите четири. Интересот кај децата е многу голем и секој капм се се побројни, добро работат и се на добар пат, заклучи Димов.

Учесниците на кампот се задоволни од тренинзите што ги одржуваат во Струга. Освен за напорните тренинзи велат дека им останува слободно време и за други активности.

- Овде е одлично, тренираме, учиме нови кошаркарски техники, се забавуваме, но и работиме на физички подготовки кои ќе ни користат во натамошните утакмици, изјави Кире Блажески, учесник на кампот.

Тренинзите на младите талентирани кошаркари во рамки на кампот што се одржува од 8 до 12 јануари, се одржуваат во опремена спортска сала со современа опрема прилагодена за деца на возраст од шест до 16 години. сс/вг/13:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...