• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

Годинава од гостиварско на аџилак ќе тргнат 217 лица

Годинава од гостиварско на аџилак ќе тргнат 217 лица

Гостивар, 17 август 2017 (МИА) - Гостиварската муфтинија ги привршува подготовките за овогодинешното заминување на аџилак. Во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Гостивар и околината на ходочастието ќе одат 217 лица. 

Идните аџии, деновиве привршуваат со обврските меѓу кои е и задолжителното вакцинирање.

- Освен вакцините и превентивата против заразни болести кои ги има во земјите во кои ќе престојуваат, лицата ќе добијат и напатствија и препораки како да си го сочуваат здравјето. Аџиите ги информираме и на обврската по враќањето да се јават на задолжителните контроли. Здравствениот надзор го вршиме на колера кој трае 5 дена, како и мерс корона вирусот, две недели, вели прим. д-р Воислав Огњаноски, раководител на епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје Гостивар.

Тргнувањето е закажано за 26 август, а идните аџии во наредните дваесетина денови ќе посетат повеќе свети места за муслиманите, како Мека и Медина. На патот, тие ќе бидат придружувани од лекари и теолози. Втора година по ред, на аџилак од Македонија се оди единствено преку ИВЗ, која ги обезбедува сите документи за виза, престој и авионски билети, информираат од гостиварската муфтинија. згм/дма/12:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...