Во општина Струмица досега фрлени 25 тони сол
- среда, 11 јануари 2017 15:26
Струмица, 11 јануари 2017 (МИА) - Општина Струмица информира дека се справуваат со снегот и со ниските температури.
- За таа цел веќе седми ден освен ЈКПД „Комуналец“ Струмица и Територијалната професионална противпожарна единица –Струмица, од кои се ангажирани 8 возила, ангажирана е и дополнителна механизација на скоро сите градежни оперативи во Струмица со 10 возила. Сите улици во градот и локалните патишта се чистат секојдневно и во континуитет. Екипите на „Комуналец“ дополнително вршат чистење на тротоарите и другите јавни површини во градот, рече секретарот на општина Струмица Кирил Парталов.
Тој информира дека механизацијата на одредени места се соочила со проблеми поради паркираните возила кои го оневозможиле движењето.
- Досега на улиците екипите на ЈПКД „Комуналец“ потрошија околу 20 метри кубни ризла и 25 тони сол. Локалните патишта до сите населените места се проодни и сообраќајот се одвива непречено. Патниот правец кој од регионалниот пат води кон Попчево и Рич, е од регионален карактер и чистењето треба да биде грижа на државните институции, меѓутоа ние водејќи грижа за сите населени места во општина Струмица, и овој патен правец редовно го одржуваме, рече Парталов.
Апелираше до сите граѓани, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да го исчистат снегот од приодите до нивните објекти. кд/мд/15:23
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 18:37 | Извештај на Стејт департментот: Корупција има во сите сектори на власта во Албанија
Раширената корупција во сите сектори на власта, ограничувањата на слободата на изразување и медиумит...
- 18:03 | Рохани: Ако САД се повлечат, можат да „очекуваат неочекувано“
Иранската организација за атомска енергија е подготвена и на „очекувани и на неочекувани“ реакции, д...
- 17:38 | Ердоган: Вонредната состојба е добра за економијата и штити од тероризам и штрајкови
Бизнис секторот треба да ја поздрави и поддржи вонредната состојба во Турција, бидејќи таа штити од ...
- 17:28 | Во Битола уапсени три лица поради производство и продажба на дрога
Три лица се уапсени во Битола рано изутринава поради производсто и продажба на дрога, соопшти МВР.
- 17:15 | Руско МНР: Инспектори на ОПЦВ пристигнаа во Дума
Инспектори на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) го посети денеска сирискиот град Ду...