• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Германија размислува да ги направи дизел-возилата еколошки почисти

Германија размислува да ги направи дизел-возилата еколошки почисти

Берлин, 14 септември 2018 (МИА) - Германското Министерство за транспорт денеска претстави план, чија цел е преку измени на дизел-возилата да се намали загадувањето на воздухот.

- Мораме да размислуваме за тоа како постојните возила да ги направиме почисти. За таа цел ќе ни треба соработка од производителите на автомобили, изјави германскиот министер за транспорт Андреас Шојер.

Прашањето на дизел-возилата, кои испуштаат високи нивоа на азот оксид, станува сѐ поактуелно во Германија, а неколку германски града веќе го забранија движењето на дизел-возила по нивните улици.

Хамбург затвори две улици за дизел-возила, додека Штутгарт планира вакви мерки во 2019 година.

Меѓу техничките решенија што се разгледуваат се додатоци на ауспухот на автомобилот, како и софтверски решенија, кои веќе се применуваат на најновите дизел-возила.

Германското Министерство за екологија бара од автомобилските компании бргу да ги спроведат овие измени и тоа да биде на нивен трошок, додека компаниите бараат државна помош за таа цел. цч/сп/13:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.