• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ИОМ: 21 тело испливало на брегот на Средоземното Море

ИОМ: 21 тело испливало на брегот на Средоземното Море

Женева, 14 септември 2018 (МИА) – Вкупно 21 тело, за кои се верува дека се мигранти кои загинале додека се обидувале да стигнат до Шпанија, овој месец испливале на бреговите на Средоземното Море, соопшти денеска агенцијата за мигранти на Обединетите нации.

Со ова, вкупниот број на настрадани годинава во Средоземното море се зголеми на 1.586 жртви, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Остатоци на девет субсахарски Африканци се пронајдени на 4 септембри на брегот на алжирската провинција Тлемсен, околу 200 километри од шпанскиот брег. Следниот ден се пронајдени уште четири тела на соседната плажа, спроти границата со Мароко.  Остатоци од шест мигранти, меѓу кои две жени и едно дете на 10 септември се пронајдени во мароко, соопшти ИОМ. Тело на една жена на 11 септември е пронајдено во Алмерија, а тело на млад субсахарски Африканец е пронајдено во шпанската енклава Сеути на 13 септември. јт/12:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ