• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Германски фирми сериозно погодени од санкциите на Трамп

Германски фирми сериозно погодени од санкциите на Трамп

Берлин, 10 август 2018 (МИА) - Германски компании се соочуваат со зголемена штета поради политиките на САД за санкции воведени од претседателот Доналд Трамп, вклучувајќи ги и оние против Иран, како и поради царините што ги воведува во трговската војна со Кина, предупредуваат германски бизнис асоцијации.

- Секако дека американската политика влијае врз надворешната трговија на Германија, рече шефот на трговската асоцијација БГА, Холгер Бингман.

Шефот на одделот за надворешна трговија на Сојузната стопанска и индустриска комора на Германија (DIHK) Фолкер Трејер тврди дека меѓународната средина станува се покомплексна за германските компании. Според него, многу германски трговски партнери се погодени од мерките на САД и нивните ефекти, кои, за возврат, го оштетуваат нивниот бизнис со германските компании.

Бингман ја повика германската влада да претстави план за заштита на германските компании по најновите американски санкции против Иран, наведувајќи дека ако Берлин не го стори тоа, германските компании би можеле постепено да престанат да прават бизнис таму.

 Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во понеделникот рече дека Германија, Франција и Велика Британија се решени да ги заштитат европските компании што работат во Иран користејќи го блокирачкиот статут, европски закон за блокирање на санкциите. зш/08:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...