• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Градежната индустрија во САД руши рекорди, но паѓа бројот на барања за нови градби

Градежната индустрија во САД руши рекорди, но паѓа бројот на барања за нови градби

Вашингтон, 19 јуни 2018 (МИА) - Бројот на новозапочнати градби во САД порасна за 5 проценти во текот на мај и достигна 1,35 милиони, што укажува дека градежната индустрија, како клучна економска гранка во САД, е во исклучително добра состојба.

Аналитичарите се единствено загрижени поради падот на поднесените барања за изградба на нови куќи и станбени згради од 4,6 проценти. Бројот на барањата за изградба на нови семејни куќи, кои претставуваат апсолутно најголем дел од пазарот, паднаа за 3,9 проценти на 936.000 во текот на мај.

Градежните компании стравуваат дека може да бидат погодени од давачките на канадско дрво кое се користи за изградба на куќи. Се смета дека просечната цена за изградба на една семејна куќа во САД пораснала за 9.000 долари во изминатите шест месеци само поради воведувањето на давачките на канадското дрво. цч/17:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.