• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Унгарија воведува специјален имиграциски данок за хуманитарците

Унгарија воведува специјален имиграциски данок за хуманитарците

Будимпешта, 19 јуни 2018 (МИА) - Унгарското Министерство за финансии соопшти денеска дека хуманитарните групи, што ја поддржуваат имиграцијата мора да платат посебен данок од 25 отсто.

Министерството објасни дека „специјалниот имигрантски данок“ е неопходен затоа што одбраната од илегалната имиграција претставува дополнително оптоварување на буџетот на Унгарија.

Уште не е познато како ќе се наплатува тој нов данок. ир/зш/16:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.