• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Шеесет и шест сенатори бараат од Ердоган да го ослободи американскиот свештеник

Шеесет и шест сенатори бараат од Ердоган да го ослободи американскиот свештеник

Вашингтон, 21 април 2018 (МИА) - Шеесет и шест американски сенатори потпишаа писмо, со кое се повикува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го ослободи американскиот свештеник, кому му се суди во Турција под обвинение дека е поврзан со групата која извршила обид за преврат во 2016 година.

Свештеникот Ендрју Бренсон е обвинет дека дејствувал од името на мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Тој може да биде осуден до 35 години затвор.

Иницијативата за пишување на писмото е на сенаторот Том Тилис и на сенаторката Џин Шахин. Тоа е потпишано од 43 републиканци и 23 демократи.

Судскиот процес против Бренсон е една од причините за затегнување на односите меѓу Анкара и Вашингтон. Турција, исто така, настојува САД да престанат да ги поддржуваат сириските курдски милиции во северниот дел на Сирија. гт/16:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...