• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Мадуро „му се заблагодари“ на Трамп што го прославил

Мадуро „му се заблагодари“ на Трамп што го прославил

Каракас, 9 октомври 2017 (МИА) - Претседателот на Венецуела Николас Мадуро „му се заблагодари“ на американскиот претседател Доналд Трамп поради критиките кои ги упатувал кон него, а како што вели тој, „го прославиле во светот“. 

- Чест ми е што шефот на империјата секој ден ме споменува. Тоа значи дека правам нешто како што треба, наведе Мадуро, проследено со смеење, по враќањето во Каракас по посетата на Русија, на Белорусија и на Турција. 

Мадуро истакна дека Трамп „станал предводник на венецуелската опозиција“. 

- Ме прослави во светот. Секој пат кога ме споменува, се повеќе ме сакаат. Цел нов свет се отвора за Венецуела благодарение на санкциите на Трамп, нагласи венецуелскиот претседател. см/ми/09:01

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...