• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Бела куќа: Трамп останува на тврдењето дека Владата на Обама ги прислушувала неговите разговори

Бела куќа: Трамп останува на тврдењето дека Владата на Обама ги прислушувала неговите разговори

Вашингтон, 17 март 2017 (МИА) - Претседателот на САД Доналд Трамп си стои на зборот дека Владата на неговиот претходник Барак Обама ги прислушувала неговите телефински разговори за време на предизборната кампања за претседателските избори во САД во 2016 година, соопшти Белата куќа. 

Истовремено, тројца високи конгресмени ги отфрлија тврдењата на Трамп. 

Водечки конгресмени од Републиканската и Демократската партија во комисијата за разузнавање на Сенатот на САД наведоа дека не пронајдоа ниту еден доказ што наведува на тоа дека телефонските разговори во „Трамп Тауер“ во Њујорк биле прислушувани, како што напиша Трамп на неговиот налог на Твитер на 4 март. 

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, меѓутоа, на брифинг со новинарите, жестоко го бранеше тврдењето на Трамп, повикувајќи се на информациите во медиумите во кои се зборува за тоа  дека разузнавачките агенции собираат податоци за можни контакти за време на камапањата меѓу соработници на претседателот и Русија. 

- Нема сомнеж дека цело време била користена технологија за следење, нагласи Спајсер. 

Кога новинарите почнаа да поставуваат прашања за деталите, Спајсер одговори дека тие премногу обрнуваат внимание на изјавите што го омаловажуваат тврдењето на Трамп. см/сд/07:54

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.