ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се едно исто
- среда, 11 јануари 2017 15:16
Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Фондацијата Сорос својата активност во земјата ја насочила на узурпирање на невладиниот сектор со цел поддршка на опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.
- СДСМ и Сорос се едно исто. Дел од истата шема на деструкција и антидржавно делување. Анонимната Фани Каранфиловска, наследничката на Владимир Милчин на врвот од Соросовата инсталација во Македонија, го прави она за што е платена со тешки милиони евра, а тоа е да го продолжи неговиот лик и дело и со узурпација на невладиниот сектор да му врши услуги на СДСМ и да ја узурпира волјата народот, изјави на денешната прес - конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, граѓаните ја видоа деструкцијата на СДСМ-Сорос на дело и ги казнија на избори за, како што посочи, платеничките револуции, нападите врз полицијата, вандализмот и за уништувањето културни споменици. Додаде дека наследничката на Милчин со својата изјава признала дека за се што прават во Македонија нивната централа била запознаена и високо свесна за, како што наведува, штетата која и ја прават на државата.
- Речиси 150 милиони евра од Сорос-Македонија се директно потрошени на корумпирање на македонското општество. Нивниот најголем проект е платеничката револуција чиј производ е огромна штета на државниот и општествениот имот, физички напад врз полицијата и редица други испади, се со цел да се поддржи и помогне аболицираниот криминалец Зоран Заев. Од медиумите видовме дека само во последните две години истата таа претседателка Фани Каранфиловска инкасирала 4.808,567 денари, и тоа во периодот кога таа раководеше со платеничката револуција која удри по институциите, историјата и достоинството на државата, истакна Ѓорѓиевски.
Тој рече дека Фани Каранфиловска не одговорила и зошто огромен процент од европскиот буџет на Сорос оди токму на Македонија, и тоа, вели, по правило секогаш пред избори кога овие, како што посочува, таканаречени граѓански организации добивале поголеми суми, организирале протести, кампањи во кои отворено застанувале зад политички опции.
- Производот од делувањето на Сорос е: целосно корумпирање на граѓанскиот сектор, платеничка револуција која се прогласи за Шарена револуција, платени експерти со наредба без аргументи да критикуваат и напаѓаат, создавање тензии и конфликт, корумпирање на медиумскиот простор и злоупотреба за политички цели, организирање новинарски фабрики, збришување на слободната мисла и злоупотреба на младинските движења за политички цели, рече Ѓорѓиевски на прес-конференцијата. вг/паг/15:16
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 08:32 | Тевдовски и Богов на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон
Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Дим...
- 08:24 | Свазиленд го менува името
Кралот на Свазиленда Мсвати Трети изјави дека државата ќе го смени името и ќе се вика „еСватини“ што...
- 08:20 | Бугарски автобус што патувал кон Македонија изгорел кај ГП Ѓуешево- Деве Баир
Бугарски автобус, со 46 патници кои патувалке кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќ...
- 08:02 | Симулација на сообраќајка пред Сити Мол
Црвен крст на град Скопје во соработка со МВР денеска напладне пред Сити мол ќе реализира симулациск...
- 07:50 | Шеснаесет земји со одлука за следење на корупцијата во Венецуела
Министрите за финансии од неколку латиноамерикански држави, како и од Европа и САД се договорија да ...