• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на Андреевски не ги исполнува условите за добивање на тендерот за гас

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на Андреевски не ги исполнува условите за добивање на тендерот за гас

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе тврдење дека фирмата на партискиот пријател на лидерот на СДСМ Зоран Заев и претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски не ги исполнува условите за добивање на тендерот за снабдување со гас.

- Целата јавност изминативе денови се увери дека станува збор за човек-фирма, со еден вработен, без никаков имот и без никакви средства за вршење на дејноста. Нема некој кому не му е јасно дека оваа фирма има само една намена, а тоа е цицање на парите на струмичани кои плаќаат најскап гас, рече на прес-конференција Бојан Стојаноски.

Тој рече дека надлежните органи треба сериозно да се позанимаваат како ваква фирма редовно ги добива тендерите за гас, а јасно е и од тендерската документација дека не ги исполнува условите. Тој посочи на дел од критериумите и условите кои се бараат за добивање на тендерот. 

- Митко Андреевски нема вработени во сопствената фирма која е регистрирана во куќата на родителите на неговата сопруга. Според официјалните податоци, во неговата фирма е вработен само еден човек, а не неколку како што тој кажува, рече Стојаноски.

Заев, како што кажа тој, ќе одговара и за тендерите на неговите фамилијарни бизниси, за Цареви Кули, за сомнителните тендери за набавка на гас, ќе одговара за изнудите и поткупот од типот „Едно евро за Вицето“. ев/паг/15:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...