• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Работна средба на министерот Бектеши со хотелиерите од охридско-струшката ривиера

Работна средба на министерот Бектеши со хотелиерите од охридско-струшката ривиера

Охрид, 15 јули 2018 (МИА) - Мерките што централната власт планира да ги спроведе во насока на подобрување на севкупната туристичка понуда беа дел од темите за кои денеска дискутираа министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставници на хотелиерите од охридско-струшката ривиера.

- Ние како ресорно министерство сме постојано во координација со градоначалникот и претставниците на Асоцијацијата на хотелиерите на Македонија (ХОТАМ) за континуирано зголемување на бројот на туристи во Охрид, но истовремено и да создаваме подобри услови за сите туристи, да ги посетат Охрид, Струга и останатите туристички места во Македонија, реше Бектеши.

Бектеши посочи дека во таа насока е и воведената апликација за андроид и ИОС плаформите како мерка за привлекување на транзитните туристи што ја посетуваат Македонија да го продолжат нивниот престој, придобивка како за сместувачките капацитети така и за сите субјекти од областа на туризмот.

- Тука сме да разговараме, ги земаме предвид нивните предлози и на тој начин заеднички да креираме политики во насока на подобри туристички резултати. Истовремено со претседателот на ХОТАМ разговаравме за нивните предлози, во насока на менување на легислативата, правилниците се за нивно полесно работење. Првично веќе работиме на ревизија на Законот за категоризација на сместувачките капацитети, негово поедноставување за да овозможи фер однос кон сите нив, рече министерот за економија.Бектеши во Охрид

Градоначалникот на Охрид истакна дека соработката меѓу централната, локалната власт и извршителите на туристичките услуги придонесува за реално согледување на ситуацијата во секторот, со предлагање мерки за подобрување на состојбите во сферата на туризмот.

- Она што беше ставено како најголема забелешка до Локалната самоуправа и што ние сме го лоцирале како проблем е донесување урбанистички планови, забрзување на прцедурата за нивно донесување и во крајна линија донесување на урбанистичкиот план за целото крајбрежје, рече Стојаноски.

Тој истакна дека општина Охрид веќе има аплицирано до фондовите на УНЕСКО за изработка на урбанистичкиот план за крајбрежјето, поделен во два опфати, од Далјан до Подмоље и од Свети Стефан до хотелот „Метропол“. Стојаноски појасни дека токму тој план мора да биде изработен и оти со него ќе се регулираат односите меѓу централната власт, локалната самуправа и желбите на приватните инвеститори, односно сопствениците на земјиштето.

- Сметам дека оној најнизок урбанистички акт на планирање УПД не е соодветен за регулирање и донесување реален, добар урбанистички план за крајбрежјето, оттаму што има разидување на желбите на потенцијалните инвеститори и ингеренциите и можностите на локалната самоуправа. Тоа мора да биде регулирано со ДУП, рече Стојаноски.

Претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески изрази задоволство што постои подготвеност за уредување на некои од важните прашања во сферата, како донесување на ДУП-ови за Охрид и Струга, со иницијативите посочени од УНЕСКО, реална категоризација на сместувачките капацитети...

- Наш став е дека целосен мораториум за градба има неповолни економски влијанија врз секторот. Ние не сме за радикални мерки како целосно стопирање на градење на крајбрежјето, туку сме за донесување на ДУП што ќе ја регулира проблематиката, од една страна ќе ги стопира дивите градби, а ќе се олесни добивањето дозвола за градење, рече Блажески, нагласувајќи дека сепак крајната одлука дали нешто ќе се гради на крајбржјето ја носи централната власт.

Што се однесува на категоризирање на сите сместувачки капацитети, како хотелите така и кај приватните станоиздавачи, Блажески рече дека реалното категоризирање на долг рок ќе резултира со поквалитетна туристичка понуда.

Според ХОТАМ, хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје во моментов располагаат со приближно шест илјади легла, што според светските стандарди е премалку, доколку се има предвид дека категоријата „мала туристичка дестинација“ предвидува најмалку десет илјади хотелски легла. аб/мд/14:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...