• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Независни Грци со реакција до Коѕијас: Нашата позиција е против употребата на терминот Македонија од соседната земја

Независни Грци со реакција до Коѕијас: Нашата позиција е против употребата на терминот Македонија од соседната земја

Атина, 15 јули 2018 (МИА) -  За интервјуто на Коѕијас во германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, реагира портпаролот на Независни Грци и објаснува дека ставот на владата официјално го изразува владиниот портпарол, а се друго се лични проценки, јави дописничката на МИА од Атина.

 -Во прашањето за нацрт договорот од Преспа и за процесот на гласање, кога ќе дојде и ако дојде во грчкиот парламент, постоеше јасен став на владиниот портпарол. Бил кој друг пристап изразува лични процени и во секој случај, секој треба да се ограничи на личните ставови. За позицијата на Независни Грци и на пратеничката група и понатаму не се преговара: никаква употреба на името на Македонија во името на соседната земја, вели Теодорос Тосунидис, портпаролот на Независни Грци во писмената изјава, реакција за ставот на Коѕијас.

Како што веќе објави МИА, шефот на грчката дипломатија во интервјуто за ФАЗ говорејќи за процесот на гласање на Договорот во грчкиот парламент, рече дека ќе добие мнозинство гласови и дека е „точно дека Независни Грци нема да гласаат како партија, но постојат пратеници од оваа партија кои што сметаат дека е добар Договорот“. ср/бк/14:19

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...