• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Засадени нови дрвца кај Камени мост, во Ѓорче Петров и во Чаир

Засадени нови дрвца кај Камени мост, во Ѓорче Петров и во Чаир

Скопје, 13 април 2018 (МИА) - Екипите на Град Скопје денеска засадија нови дрвца на три локации, кај Камениот мост, во Ѓорче Петров и во паркот во Чаир. Засадени се над 50 висококвалитетни повеќегодишни садници.

На овие акции присуствуваа градоначалниците на Скопје, Ѓорче Петров и на Чаир Петре Шилегов, Александар Наумоски и Висар Ганиу и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Адриан Муча.

- Меѓу Камениот мост и Музејот на македонската борба засадуваме дваесетина висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јасен. Дрворедот кој постоеше на оваа зелена површина пред реализацијата на проектот „Скопје 2014“ беше уништен и заменет со прескапи палми. Ние земавме обврска пред граѓаните да го вратиме загубеното зеленило кое претходната власт го уништуваше каде што ќе стигнеше, додека ние се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило, рече Шилегов.

садење дрвца Скопје

По должината на улицата „Македонска војска“ во општина Ѓорче Петров засадени се десет повеќегодишни садници од видот јасен.  Паркот во Чаир, зад стадионот, е збогатен со 15 листопадни декоративни садници од видот јапонска цреша и нови пет садници од видот јасен. Како дел од оваа акција, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги отстрануваа старите стебла кои биле пресечени пред повеќе години и на нивното место засадуваа нови листопадни садници.

По завршувањето на пролетната акција за садење нови 2.000 дрвја, Град Скопје со активностите за засадување садници ќе продолжи на есен, кога ќе бидат засадени нови 8.000 дрвја. Со тоа, Скопје оваа година ќе добие повеќе од 10.000 нови садници. мд/сд/12:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Група поранешни осуденици од српскиот град Крагује...

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...

Прва кино проекција во Саудиска Арабија по 35 години

Во Саудиска Арабија, првпат по 35 години, граѓанит...

Пронајдена подморницата со која, наводно, Хитлер побегнал во Јужна Америка (видео)

Германската подморница со која, според теоретичари...