• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Нови листопадни дрвја во Реонски центар Аеродром

Нови листопадни дрвја во Реонски центар Аеродром

Скопје, 4 април 2018 (МИА) - Екипи на Град Скопје како дел од пролетната акција за зазеленување на градот засадија 45 листопадни дрвја во Реонски центар Аеродром, на булеварот „Видое Смилевски- Бато“. 

- Градот Скопје деновиве го реконструираше јавното зеленило на булеварот „Видео Смилевски-Бато“, на површина од 2.410 метри квадратни. На оваа површина е поставена нова хидрантска мрежа во должина од 230 метри и нов систем за наводнување со хидранти. Денеска засадивме нови 45 листопадни дрвја, односно 30 садници од видот јасен и 15 садници од видовите јапонска цреша, украсно јаболко и сорбус. Ова е дел од големата акција за зазеленување на Скопје, во која само овој месец ќе бидат засадени околу 2.000 високо квалитетни листопадни садници, изјави скопскиот градоначалникот Петре Шилегов.

Тој додаде дека во есенската акција за зазеленување на градот се планира да се засадат вкупно 8.000 висококвалитетни садници.

На акцијата за засадување дрвја на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ присуствуваа и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Адријан Муча. мд/са/15:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Група поранешни осуденици од српскиот град Крагује...

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...

Прва кино проекција во Саудиска Арабија по 35 години

Во Саудиска Арабија, првпат по 35 години, граѓанит...

Пронајдена подморницата со која, наводно, Хитлер побегнал во Јужна Америка (видео)

Германската подморница со која, според теоретичари...