• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

Бесплатен паркинг во катната гаража кај „Беко“ поради кастрење гранки

Бесплатен паркинг во катната гаража кај „Беко“ поради кастрење гранки

Скопје, 15 февруари 2018 (МИА) - Екипите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Градски паркинг“ утре ќе спроведат акција за кастрење гранки на отворени паркинзи на повеќе локации во општина Центар. Поради тоа овие паркинзи ќе бидат затворени, а станарите и правните субјекти во текот на денот можат да се паркираат на катната гаража кај „Беко“. 

- Акцијата се спроведува поради овозможување поголема видливост на возачите, ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот, соопшти Град Скопје. 

Кастрењето гранки ќе се спроведе на паркингот А5 (улица „Орце Николов“ бр. 20, 29 и без број, улица „Скопска“ бр. 9), паркинг А6 (улица „Максим Горки“ бр. 1, 3, 3а, 5, 7, 8а, 9, 10, 11, 14, 16, 16а, 17, 18, 19, 20 и 21, „Осма ударна бригада“ бр. 2, 20, 20а, 20б, 24 и 31а, „Васил Главинов“ бр. 7а и 7б, „Скопска“ бр.9, 9а, 15 влез 1 и 2, „Лермонтова“ бр.3 и „Никола Вапцаров“ бр.2, 8 и 18). На паркингот А1 (булевар „ВМРО“ бр.1 влез, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и бр.3) и на паркингот А3 (улица „Даме Груев“ бр.7 блок 4 со влезови од 2 до 9 и улицата „Вељко Влаховиќ“ бр.21 и 23). мд/сд/10:21

###

 

 



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...