• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Бензините поскапуваат за половина денар

Бензините поскапуваат за половина денар

Скопје, 9 јануари 2017 (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени во просек за 0,86, односно за 0,7 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе чини 53,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 42 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,718 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,827 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 1,6 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,33 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. вј/паг/13:17

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...