• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Почина поранешниот англиски репрезентативец Ехиогу

Почина поранешниот англиски репрезентативец Ехиогу

Лондон, 21 април 2017 (МИА) - Поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија, Уго Ехиогу почина во болница ден по срцевиот удар, соопшти денеска Тотенхем, клубот каде што работеше со младинскиот тим.

Ехиогу колабираше вчера на „Вајт Харт Лејн“ за време на тренингот по што беше префрлен веднаш во болница во Лондон, но лекарите не успеаја да му го спасат животот.

Поранешниот играч на ВБА, Астон Вила, Мидлзборо, Лидс, Ренџерс и Шефилд почина во 44-та година.

За англискиот национален тим одигра четири натпревари и даде еден гол, а  последните три години беше дел од стручниот штаб на Тотенхем и го предводеше тимот до 23 години. зс/11:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Постер со Елвис Присли продаден за 42.500 долари

Редок постер со Елвис Присли од 1955 година, беше ...

Шанаја Твејн се извини за своја изјава дека би гласала за Трамп

Канадската кантри и поп пејачка Шанаја Твејн се из...

Мебел од парискиот хотел „Риц“ продаден за рекордни 7,3 милиони евра

Луксузен мебел од легендарниот париски хотел „Риц“...

Бакир Изетбеговиќ заврши во видео игра

Непознати автори направија видео игра насловена „Е...

Почина актерот Верн Тројер

Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогат...