• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Леброн го предводеше Кливленд до најголемиот пресврт во историјата на НБА плеј-офот

Леброн го предводеше Кливленд до најголемиот пресврт во историјата на НБА плеј-офот

Индијанаполис, 21 април 2017 (МИА) - Леброн Џејмс беше јунакот во победата на Кливленд ноќеска над Индијана во натпревар на кој се случи најголемиот пресврт во историјата на плеј-офот од НБА лигата. Шампионот на почетокот на третиот период губеше со 26 поени разлика, за на крајот да стигне до голем триумф.

Џејмс натпреварот го заврши со „трипл-дабл“ ефект – 41 поен, 13 скока и 12 асистенции.

Воедно, тој сега има 5.670 поени со што го мина Коби Брајант (5.640) на 3.место на листата на најдобрите стрелци во плеј-офот. Пред него се уште Карим Абдул Џабар со 5.762 и Мајкл Џордан со 5.987 поени.

Кливленд по оваа победа се наоѓа на чекор до пласман во конференциското полуфинале.

Резултати на натпреварите одиграни ноќеска:

Индијана – Кливелнд 114:119 (0-3 во победи);

Милвоки – Торонто 104:77 (2-1);

Мемфис – Сан Антонио 105:94 (1-2).

Се игра во четири добиени натпревари. зс/08:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...